Достапни линкови

logo-print

Во Кина гнев поради донацијата автобуси за Македонија


Кинескиот премиер Вен Џиабао

Кинескиот премиер Вен Џиабао

Кинескиот премиер Вен Џиабао се заложи дека ќе ја зголеми безбедноста и ќе обезбеди повеќе училишни автобуси откако загинувањето на 19 деца од предучилишна возраст во преполн автобус предизвика големи протести на јавноста. Ситуацијата со оваа несреќата, како што јавуваат агенциите, посебно се усложнила откако беше објавено дека Пекинг на Македонија и донира 23 училиштни автобуси. По церемонијата во Скопје, македонската влада соопшти дека секој автобус има 35 седишта, ги исполнува сите безбедносни стандарди и оти ќе бидат искористени во селските средини. Тоа предизвика бран на критики до владата, особено на социјалните интернет мрежи. ,,Во изминативе денови серија големи несреќи во кои беа инволвирани училишни автобуси предизвика огорчена омраза меѓу луѓето. Несреќите и мене ме вознемирија,, напишал премиерот Вен на владината веб страница, додавајќи дека безбедноста на училишните автобуси мора да биде во фокусот на секоја регионална влада.
XS
SM
MD
LG