Достапни линкови

Попоски во посета на Европскиот Парламент


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе оддржи говор пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во пресрет на објавувањето на нацрт-текстот на Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2011 година. Во соопштението на министерството е наведено дека Попоски во своето излагање ќе ги презентира постигнувањата во однос на критериумите за членство на Македонија во изминатата година, како и активностите на Владата преземени по објавувањето на годинашниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.
XS
SM
MD
LG