Достапни линкови

logo-print

НАТО:Околу 25 војници и 10-тина Срби повредени при судирите во Косово


Околу 25 војници на КФОР и десетина Срби се повредени при вчерашните судири во северниот дел на Косово. НАТО соопшти дека двајца од ранетите војници се Германици а голем дел од останатите повредени се Австрици.
Српските медиуми јавуваат дека десетина Срби примиле лекарка помош по судирите.
До вчерашните судири дојде откако војниците на КФОР почнаа да ги отстрануваат блокадите на патиштата на северот на земјата што Србите ги поставија летоска откако владата на Косово одлучи на граничните премини со Србија да постави косовски полицајци и цариници.
КФОР соопшти дека нивните војници употребиле солзавец да ги растераат демонстрантите на блокадата во Јагњеница.
НАТО соопшти дека Србите при нападите користеле експлозивни направи и молотови коктели.
НАТО и срската влада повикаа на итен прекин на судирите.
Портпаролот на КФОР во Косово Уве Новицки изјави дека протестите били насилни и криминални и дека досега КФОР користел само созлавец и гумени куршуми но дека во ситуации кои се закана по живот како вчерашната војниците на КФОР ќе одговорат со соодветни мерки.
XS
SM
MD
LG