Достапни линкови

logo-print

САД и Германија бараат од ОН да спроведат санкции против Сирија


САД и Германија повторно го повикуваа Советот за безбедност на Обединетите Нации да преземе акција против злостортвата кои се извршени под сирискиот режим врз демонстрантите во таа земја. Првичните обиди на ОН за санкции против Сирија беа спречени со ветото на Русија и Кина. Комисијата за заштита на човековите права при ОН соопшти вчера дека сириските воени трупи и безбедносни сили извршиле „злосторства против човештвото, вклучувајќи и убиства, тортура, и силување а меѓу жртвите се и деца, под наредба од највисокоте структури на режимот на претседателот Башар Ал Асад.
Извештајот на комисијата е објавен откако Арапската лига соопшти дека одобрила економски санкции како одговор на осуммесечното задушување на протестите. Официјални лица од ОН тврдат дека до сега во Сирија загинале над 3500 демонстранти.
XS
SM
MD
LG