Достапни линкови

logo-print

Обама и вети помош на ЕУ во справувањето со кризата


Американскиот претседател Барак Обама по средбата со лидерите на Европската Унија изјави дека САД е подготвена да ја исполни својата улога за да помогне во решавање на кризата. Тој се сретна со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, високиот претставник Кетрин Ештон и други службеници од ЕУ во Белата куќа во Вашингтон. По средбата на која разговараа за должничката криза , Ромпуј изјави дека забавениот глобален економски раст не се должи само на ЕУ туку дека и другите држави треба да дејствуваат. Во заедничкото соопштение двете страни се договорија да работат заедно на економскиот раст, создавање нови работни места и финансиската стабилност.
Американската администрација ја критикуваше Унијата за бавниот одговор на кризата. Брисел ги отфрли критиките, наведувајќи дека и Соединетите Држави исто така имаат финансиски проблеми.
На средбата теми на разговор беа и контроверзната иранска нуклеарна програма и политичките апсења во арапскиот свет.
XS
SM
MD
LG