Достапни линкови

Полицајците во Тунис бараат фер судење


Стотина полицајци во Тунис излегоа вчера на протсети барајќи фер судење за припадниците на безбедносните сили. Туниската полиција е изложена на остри напади поради нејзината улога во спроведувањето на диктатурата на некогашниот претседател Бен Али. Дел од полицајците се обвинети за убиство на стотина демонстранти и судските спорови против нив се во тек. Полицајците кои што протестираа тврдат дека 150 нивни колеги не добиле фер судење. Тие барат спроведување на истрага за убиствата на демострантите под сомнение дека војската е виновна за убиствата.
XS
SM
MD
LG