Достапни линкови

logo-print

Обама: Инцидентот во Пакистан е „трагедија“


Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама смета дека смртта на 24-цата пакистански војници при пограничната борба во која беа вклучени и војници на НАТО е „трагедија“.
Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карнеј изјави дека Вашингтон „многу сериозно“ го разгледува случајот.
Саботните напади врз два гранични контролни пунктови во близина на Авганистан го налутија Пакистан. Пакистан ги отфрли известувањата дека нејзините трупи се виновни за воздушниот напад на НАТО во кој загинаа 24 војници.
Авганистански преставници за западните медиуми изјавиле дека биле добиени информации дека од пакистанска страна бил отворен оган и биле на помош повикани воздушните сили на НАТО.
Пакистанската армија ова го оцени како обид за „вадење“ од ситуацијата.
НАТО вети истрага и се извини за овој трагичен инцидент.
XS
SM
MD
LG