Достапни линкови

Почина ќерката на Сталин


Единствената керќа на советскиот диктатор Сталин, Лана Петерс почина во САД. Американските власти соопштија дека таа умрела минатата недела по долго боледување од рак на 85 годишна возраст. Роденото име и било Светлана Сталин но таа го сменила за време на Студената војна во 1967 година кога се преселила во САД при што се откажала од својот татко и од комунистичкиот режим во Советскиот Совет. Таа напишала два мемоара за нејзиниот живот кој во САД станале бестселери и ја направиле богата жена. Таа била мажена 4 пати и имала три деца.
XS
SM
MD
LG