Достапни линкови

Обама се сретна со високи европски претставници


Американскиот претседател Барак Обама со министерот за финансии Тимоти Гајтнер.

Американскиот претседател Барак Обама со министерот за финансии Тимоти Гајтнер.

Американскиот претседател Барак Обама денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, високиот претставник Кетрин Ештон и други службеници од ЕУ во Белата куќа во Вашингтон. На разговорите со претставниците на ЕУ присуствувале и државната секретарка Хилари Клинтон и министерот за финансии Тимоти Гајтнер. Главна тема на разговорите е должничката криза во евро-зоната.

Американската администрација ја критикуваше Унијата за бавниот одговор на кризата. Брисел ги отфрли критиките, наведувајќи дека и Соединетите Држави исто така имаат финансиски проблеми.

Предвидено е да се разговара и за немирите во арапскиот свет и за нуклеарната програма на Иран.
XS
SM
MD
LG