Достапни линкови

Изборно изненадување во Јужна Осетија


Претседателскиот кандидат Ала Џиоева.

Претседателскиот кандидат Ала Џиоева.

Поранешната министерка за образование Ала Џиоева е во водство на претседателските избори во Јужна Осетија, по пребројани гласови во 74 од 85 области во земјата.

За фаворит во вториот круг на претседателските избори што се одржаа вчера важеше актуелниот министер за вонредни ситуации Анатолиј Бибилов, кој ја има поддршката од Москва.

Резултатите, според досега избројаните гласови, покажуваат дека Џиоева освоила 56,7 отсто од гласовите, а Бибилов околу 40 отсто.

Таа го повика нејзиниот противкандидат да го признае поразот.

Изборната комисија соопшти дека ќе им требаат пет дена пред да ги објават конечните резултати.
XS
SM
MD
LG