Достапни линкови

Претпазлив оптимизам пред пресудата на 5 декември


Македонската делегација во Меѓународниот суд на правдата.

Македонската делегација во Меѓународниот суд на правдата.

За македонските власти, грчките медиуми шпекулираат со пресудата во Хаг. Од правниот тим велат дека сепак оптимизмот е присутен од самиот почетокот на процесот.

Пресудата на судот во Хаг не може никој да ја знае се до денот на нејзиното објавување на 5 декемврри, тврдат во надлежните македонски државни институции, како и во правниот тим што ја составуваше тужбата против Грција за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО на самитот во Букурешт.
Симптоматично е што написот е во Катемерини, кој е доста значаен медиум во Грција, така што мислам дека ова не е наивна објава која што е направена, верувам дека навистина има нешто.

Веста што ја објавува грчки Катимерини дека пресудата е донесена е во полза на Македонија, македонските државни институции ја гледаат како шпекулација. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изјави дека Македонија ќе ја почитува пресудата, каква и да е. Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, пак, изрази надеж дека одлуката на судот ќе биде таква што ќе ги помогне македонските евроинтеграции.

Оптимизамот кај нас го следи судскиот процес од самиот почеток, па и во текот на траењето на расправата, вели член на правниот тим кој ја пишуваше тужбата, па од тука владее оптимизам и во врска со пресудата, но и тој нагласува дека конечната пресуда ќе биде позната на 5 декември.

Политикологот Владимир Божиновски анализира по принципот - каде има чад има и оган - па објавената вест во Катимерини ја толкува како обид на провладиниот весник да ја тестира грчката јавност.

„Симптоматично е што написот е во Катемерини, кој е доста значаен медиум во Грција, така што мислам дека ова не е наивна објава која што е направена, верувам дека навистина има нешто.”

Подготвени сме за сите сценарија, велат од правниот тим кој ја подготви тужбата против Грција. Познато е и тоа дека пресудата на судот во Хаг нема правна сила туку повеќе политичка.

Шефот на државата, во прекршениот член 11 од Времената спогодба гледа надеж да се решат забавените евроинтегративни процеси и да се добие долгоочекуваниот датум за преговори со Унијата.

Божиновски вели дека помош единствено може да се очекува евентуално во насока на зголемување на притисоците врз Грција.

Што ќе се случи на 5 декември официјално ќе соопшти судот во Хаг. Само четири дена подоцна, пред Советот на министрите на одлучување ќе се најде третата по ред препорака од ЕК, Македонија да добие датум за отпочнување преговори со Унијата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG