Достапни линкови

Груевски му пиша на Пападемос, бара датум за преговори во декември


Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Лукас Пападемос.

Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Лукас Пападемос.

Премиерот Никола Груевски побара од неговиот грчки колега да поддржи одлука Македонија да добие датум за преговори за членство во Унијата на состанокот на Европскиот совет во декември. Во писмото до премиерот на Грција Лукас Пападемос, Груевски пишува дека грчката поддршка за почеток на преговорите за членство „ќе придонесе за градење на позитивна динамика на интеграцијата на Балканот во ЕУ“.

Премиерот Груевски бара спорот за името меѓу двете земји да се решава паралелно со преговорите за членство во Унијата.

„Прифаќајќи ја европската методологија и отворањето на преговори за членство на Македонија во Европската унија ќе донесе позитивна клима за меѓусебна доверба која е потребна за перманентно решавање на преостанатите билатерални разлики меѓу нашите две земји, во духот на европската соработка“, истакнува македонскиот премиер Никола Груевски во писмото до неговиот грчки колега Лукас Пападемос во пресрет на декемврискиот состанок на Европскиот совет.
XS
SM
MD
LG