Достапни линкови

Таџикистан со зголемена заплена на дрога


Запленет хероин во Таџикистан.

Запленет хероин во Таџикистан.

Таџикистанската агенција за контрола на наркотици информира дека во првите 10 месеци од годинава заплениле за 30 отсто повеќе дрога во споредба со истиот период минатата година. Од јануари до октомври годинава, таџикистанските власти заплениле речиси четири тони дрога, меѓу кои и околу 500 килограми хероин. Властите велат дека овие бројки покажуваат подобрување во борбата против шверцот со дрога, но според Канцеларијата за дрога и криминал на ОН, централноазиските земји запленуваат само 5 до 10 проценти од дрогата што од Авганистан се пренесува преку Централна Азија. Границата на Таџикистан со Авганистан е долга 1.344 километри.
XS
SM
MD
LG