Достапни линкови

logo-print

Ранети двајца војници на КФОР во северно Косово


Архивска фотографија: Блокада на патот во северно Косово.

Архивска фотографија: Блокада на патот во северно Косово.

Двајца војници на КФОР се ранети во престрелка со српските демонстранти во северно Косово, информира портпаролот на силите на НАТО во оваа земја. До судирите дојде откако војниците на КФОР почнаа да ги отстрануваат блокадите на патиштата на северот на земјата што Србите ги поставија летоска откако владата на Косово одлучи на граничните премини со Србија да постави косовски полицајци и цариници. КФОР соопшти дека нивните војници употребиле солзавец да ги растераат демонстрантите на блокадата во Јагњеница.
XS
SM
MD
LG