Достапни линкови

logo-print

Бројни коментари од слушателите на нашето прашање во Хајд паркот колку се почитуваат правата на хомосексуалците во Македонија?

Во Хајд паркот на Радио Слободна Европа - повторно прашање на темата хомосексуалност и правата на таа групација граѓани, особено за правото на склучување истополни бракови, и повторно многу ваши коментари како и пред извесно време кога исто така имавме наш текст-информација на слична тема.

Се чини, меѓутоа, дека присутноста на темата за хомосексуалноста во јавните гласила придонесува за менување на ставовите или барем нивно либерализирање, ако може така да се каже. Како што смета и Марко дека треба повеќе зборување во јавноста, повеќе информации и повеќе едукација на народот, па потоа да се зборувало за борба за еднаквост. Инаку, барем во досегашните пораки провејува едно: дека и хомосексуалците, верувам се мисли и за лезбејките, се луѓе и граѓани како сите други што треба да имаат еднакви права, пред се' , човекови. Како што пишува, на пример, Стојан од Скопје: „Треба да имаат исти права како и сите други луѓе! А ако сакаат да склучат брак меѓу себе, секој има право да склучи брак со кого сака, па зошто и тие да немаат право на тоа?“.
Треба да имаат исти права како и сите други луѓе! А ако сакаат да склучат брак меѓу себе, секој има право да склучи брак со кого сака, па зошто и тие да немаат право на тоа?

Миленко од Скопје на темата и' дава религиозна подлога па испраќа порака до Црквата и до, во наводници, „тешките“ верници: Ако Бог е семоќен и ако создал се' на светов, тогаш ги создал и хомосексуалците. Па ако веруваат во Бога, треба да веруваат и дека и тие се со причина на Земјава, па можат слободно да живеат како што одбрале.

Ненад, пак, луто реагира на мислењето од Смиле кој смета дека хомосексуалците се ментално болни луѓе, па му порачува дека никој не може никого да натера да биде она што не сакаш и дека сите луѓе се креација Господова. Ненад исто така жали што нашата Македонија, како што пишува, се' уште живее во прастаро време, па има луѓе што мислат како Смиле.

Интервјуто со министерот за здравство Тодоров е второ според бројот на коментарите од вас, почитувани. Златко од Битола кратко пишува: „Грицкам семки - трескам глупости“, а Тоше од Македонија смета дека овој министер е најголема катастрофа и дека прво направил триста глупости во образованието, а дека сега на ред дошло здравството. Владо, пак, од Скопје, мисли дека овие коментари се од редакцијата, и да не сме му ја потценувале интелигенцијата на овој, како што пишува напатен народ. Владимир Петровски, пак, го фали министерот Тодоров како единствена светла точка во Владата, плус-минус некој министер, како што пишува.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG