Достапни линкови

Последните инциденти на спортските терени покажуваат дека постојана задача на мултиетничко општество е градeње на доверба.

Последниот инцидент со палењето на македонското знаме на натпреварот во Качаник и претходното користење на говор на навреда на натпреварот во Прилеп, надополнeти со закачки меѓу учениците и тепачките по училиштата и во автобусите зборуваат дека постојана задача на мултиетничко општество е градeњето на доверба. Не е доволно да се стави потпис на некој договор како Охридскиот рамковен договор и да кажеме дека со тоа сме изградиле функционално општество, вели професор Мирјана Малеска. Според нејзиниот впечаток, има отсуство на таа свест за потреба од градање доверба и тоа резултира со појави каде што меѓуетничките односи не се на потребниот степен:
Протест на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010 година.

Протест на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010 година.


„Според мене има отсуство во нашето општество за таа свест за потреба од доверба, секој ден се гради таа доверба, секој ден, секоја одлука е тест за таа доверба.“
Општата состојба во државата ги создава овие индиценти. Ако од една страна тој националромантизам премногу се потенцира и од првите луѓе што ја водат државата тоа има влијание и одредени групи тоа го демонстрираат на брутален и вулгарен начин како што е палењето на знамињата на државите.

Секоја политика е еден вид борба околу распределбата на општествените ресурси. Тоа е најголемиот проблем. Кога има сиромаштија и земјата не напредува доволно во нејзините евроатлантски и европски аспирации, политиката не може да излезе во пресрет на граѓаните, доаѓа до фрустрирачки расцеп и тоа е доволно кај популацијата од малку да се предизвика меѓуетнички инцидент, вели Малеска:

„Кој е многу погоден кога имате фрустрирана популација или дека од популацијата е многу полесно да се предизвика од малку меѓуетнички индицент и во таа смисла секако дека се она што води кон уназадување на земјата значи извор на конфликт.“

Во Македонија со години имаме мултиетнички влади, но тоа не може да создаде политички амбиент, меѓуетничките односи да бидат релаксирани целосно, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани. Судејќи според неговите зборови, меѓуетничките односи се рефлектираат и од начинот на владеење.

„Општата состојба во државата ги создава овие индиценти. Ако од една страна тој националромантизам премногу се потенцира и од првите луѓе што ја водат државата тоа има влијание и одредени групи тоа го демонстрираат на брутален и вулгарен начин како што е палењето на знамињата на државите.“

Тој мисли дека навивачките групи кои се служат со навреди врз национална база, со самиот факт дека се регистрирани, за своето однесување треба да добијат и санкции. Доверба мора перманетно да се гради во мултиетнички општества, нагласува Малевска.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG