Достапни линкови

logo-print

Во Грција стартува „трудова резерва“


Министерот за финансии Евангелос Венизелос.

Министерот за финансии Евангелос Венизелос.

Без работа во Грција од денеска остануваат 16 илјади луѓе бидејќи во сила влегува мерката за воведување т.н. „трудова резерва“ чија цел е драстично редуцирање на расходите во државниот сектор, јавуваат грчки медиуми.
Четири илјади од 16-те илјади државни службеници ќе бидат пензионирани, а останатите ќе бидат вклучени во посебен, „пред-пензиски режим“ што ќе трае до крајот на 2013 година. Од 1 јануари ќе останат без работа уште околу 15 илјади луѓе заради затворање и спојување државни фирми.
Мерката е дел од планот за добивање нова транша од осум милијарди евра одобрени лани со заемот во вкупна вредност од 110 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG