Достапни линкови

Веселинов - Војводина да стане Република


Нови Сад.

Нови Сад.

Професорот на белградскиот Факултет за политички науки, Драган Веселинов смета дека српската автономна покраина Војводина треба да добие статус на република, за што би требало да биде распишан и референдум.

Според Веселинов, над 50 проценти од Србите во Војводина, како и големо мнозинство од останатите национални заедници на референдум би ја поддржале идејата Војводина да стане република.

„Војводина и Србија се две држави. Во Војводина постои расположение за следен чекор во таа насока, но елитата молчи. На Војводина и е потребна нова партија, партија за референдум, чија цел ќе биде Република Војводина“, изјави Веселинов.

Тој беше министер за земјоделство на Србија во владите на Зоран Ѓинѓиќ и Зоран Живковиќ од 2001 до 2003 година, претседател на автономистичката партија Коалиција Војводина и еден од лидерите на Демократската опозиција на Србија.
XS
SM
MD
LG