Достапни линкови

Во бомбашки напад во Ирак - 11 загинати


Ирачките власти соопштија дека во самоубиствен напад со автомобил бомба пред затвор во Таџи, 25 километри северно од Багдад, загинале 11 лица, а најмалку 15 биле ранети.
Нападот бил извршен во моментот кога повеќе чувари и вработени влегувале на работа во затворот.
Ова е трет голем напад во Ирак оваа недела. Трупите на САД треба да го напуштат Ирак до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG