Достапни линкови

Кредитниот рејтинг на ЕУ под закана


Рејтинг агенцијата ,,Мудис,, предупреди дека кредитниот рејтинг на целата Европска унија е под закана на сегашната финансиска криза. Во најновиот специјален извештај Мудис оценува дека отсуството на мерки за стабилизирање на пазарните услови на краток рок значи дека кредитниот ризик ќе расте и натаму. Агенцијата ,,Мудис,, забележува дека политичката несигурност во Грција и Италија и влошувањето на економската состојба во евро зоната носат опасност од, како што се наведува, уште понегативни сценарија.
XS
SM
MD
LG