Достапни линкови

logo-print

Обама и лидерите на ЕУ, ќе дискутираат за должничката криза


Кризата во еврозоната, тема на разговорите во Белата куќа

Кризата во еврозоната, тема на разговорите во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе биде домаќин на делегација од ЕУ. Според планираното, на врвот на агендата на разговори е должничка криза во еврозоната.

Администрацијата на Обама ја критикуваше ЕУ, поради бавниот одговор на Брисел на кризата.
Брисел ги отфрли критиките, укажувајќи САД да си ги гледаат своите финансиски проблеми.

Политичките немири во Арапскиот свет и иранската нуклеарна програма, исто така ќе бидат тема на дискусиите. Делегацијата на ЕУ , ја сочинуваат , претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија
Жозе Мануел Баросо, и Комесарот за надворешна политика Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG