Достапни линкови

logo-print

Салех ги амнестира, тие што „грешеле“ за време на кризата


Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех прогласи амнестија за сите оние кои
„направиле грешки за време на кризата“, јавија тамошните државни медиуми. Но амнестијата не ги вклучува оние кои се обидоа во јуни да му извршат атентат на претседателот.
Опозициските групи ја отфрлија декларацијата за амнестија, велејќи дека Салех нема овластување, за издавање помилувања.
Минатата недела, Салех потпиша договор со кој му ги пренесе своите овластувања на заменик-претседател Хади во замена за имунитет од гонење.

Во пресрет на претседателските избори во февруари, Хади, вчера го именуваше опозицискиот лидер Мохамед Басиндва за привремен премиер на земјата.
XS
SM
MD
LG