Достапни линкови

logo-print

Невреме од највисок степен во Данска и Шведска


Десетици илјади домаќинства во Данска и југозападниот дел на Шведска вчера останаа без струја откако тој регион го зафати силно невреме. Откажан е водниот сообраќај меѓу Шведска, Данска, Норвешка и Германија и затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Шведска и Данска. Од шведскиот хидрометеоролошки завод соопштија дека станува збор за невреме од највисок степен додека нивните дански колеги предупредија дека нивото на водата долж северниот брег забрзано расте. Властите ги советуваат граѓаните да не излегуваат од своите домови.
Годинава жителите на Скандинавските земји се соочија со најтоплата есен до сега.
XS
SM
MD
LG