Достапни линкови

Украина-еден починат при обидот полицијата да растури протест


Преживеани од нуклеарната несреќа во Чернобил,протестираа во Донецк.

Преживеани од нуклеарната несреќа во Чернобил,протестираа во Донецк.

Еден од 30-те демонстрантите кои протестираа во источна Украина, починал кога полицијата се обидела да го растури нивниот шатор. Групата што протестираше, се преживеани од нуклеарната несреќа во Чернобил. Тие од 14 ноември, организираа штрајк со глад во Донецк, поради одлуката да се намалат нивните пензиии.
Судот минатата недела пресуди дека нивниот протест е нелегален, а полицијата ги предупреди до 27 ноември да се иселат од нивниот шатор.
Водачот на групата соопшти дека на еден од демонстрантите, му станало лошо за време на полициската операција и починал на патот кон болница. За водачот на групата полицискат акција е акт на „терористички чин“.
XS
SM
MD
LG