Достапни линкови

Антиамерикански протести во Пакистан


Пакистан го затвора клучниот правец за снабдување на американските сили во Авганистан.

Пакистан го затвора клучниот правец за снабдување на американските сили во Авганистан.

Стотици луѓе излегоа на улиците ширум Пакистан на протест против прекуграничниот напад на НАТО во кој загинаа 24 пакистански војници. На најголемиот собир одржан пред американската амбасада во Карачи демонстрантите запалија фигура со ликот на американскиот претседател Барак Обама и извикуваа: „Американци останете настрана, Пакистан е наш, стоиме рамо до рамо со нашата армија“.

Вчерашниот напад врз граничниот премин со Авганистан ги затегна и онака напнатите односи меѓу Пакистан и САД и НАТО. Пакистан веќе соопшти дека го затвора клучниот правец за снабдување на американските сили во Авганистан и побара од Вашингтон да ја напушти базата што ја користи за беспилотни летала.

Пакистанската министерка за надворешни работи Хина Рабани Кар и телефонирала на американската државна секретарка Хилари Клинтон да го изрази пакистанското „големо чувство на гнев“ поради нападите. Кар, според извештаите, и рекла на Клинтон дека нападот „покажува целосно непочитување на меѓународното право и човечкиот живот, го нарушува суверенитетот на Пакистан и го присилува Пакистан да ги ревидира услoвите за ангажман“.

Државната секретарка Клинтон и министерот за одбрана Леон Панета испратија заедничко соопштение во кои изразуваат „најдлабоко сочуство“ за загинатите.

НАТО се извини за настанот, нарекувајќи го „трагичен ненамерен инцидент“ и вети дека ќе спроведе темелнa истрага.
XS
SM
MD
LG