Достапни линкови

logo-print

Арапската лига воведува санкции против Сирија


Катарскиот премиер Хамад бин Јасим.

Катарскиот премиер Хамад бин Јасим.

Министрите за надворешни работи од Арапската лига денеска се согласија да воведат санкции против Сирија, откако Дамаск не го прифати нивниот план за испраќање набљудувачи во земјата. Катарскиот премиер Хамад бин Јасим, на прес-конференција во седиштето на Арапската лига во Каиро, рече дека 19 од 22 членки на организацијата ги одобриле санкциите, што вклучуваат стопирање на работењето со Сириската централна банка, замрзнување средства, запирање на инвестициите во Сирија и наметнување забрани за патување на истакнати функционери на сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG