Достапни линкови

Груевски - Вложуваме максимум да го намалиме бројот на азиланти


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Институциите во Македонија преземаат конкретни чекори за намалување на бројот на лицата кои бараат азил, изјави премиерот Никола Груевски. Тој им порача на граѓаните кои размислуваат да бараат азил да не дозволат да бидат манипулирани од, како што рече, разни агенции, кои за да заработат си поигруваат со нивните судбини и да бидат третирани како криминалци. Државата презема конкретни чекори во насока на намалување на и онака малиот број лица кои на ваков начин заминуваат од земјава, рече Груевски.

Според него, бројот на азиланти од Македонија е далеку помал во споредба со онаа на азилантите од Авганистан, Пакистан и земјите од Северна Африка.

„Ние вложуваме максимални напори и тие да ги намалиме и да им олесниме на нашите пријателски земји од ЕУ. Во тој правец најнапред презедовме мерки за обесхрабрување на лицата кои ги манипулираат нашите граѓани кои се решаваат да бараат азил и нивно сакнционирање. Презедовоме и низа мерки во насока на подобрување на условите за живот во местата од каде најмногу доаѓаат лицата кои бараат азил. Со конкретни проекти ги подобруваме условите за задравствена заштата, образованието, инфраструактурата и отварање на нови работни места“, изјави премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG