Достапни линкови

logo-print

Путин предложен за претседателски кандидат


Рускиот премиер Владимир Путин игра хокеј во Москва.

Рускиот премиер Владимир Путин игра хокеј во Москва.

Режисерот Станислав Говурукин денеска го предложи премиерот Владимир Путин за кандидат за претседател на Русија на конгресот на партијата Обединета Русија во Москва. Обраќајќи се пред делегатите на конгресот, Говуркин рече:

„На Русија и треба лидер, способен, силен, интелегентен, способен не само да ги брани правата и слободите на граѓаните, туку и да ги потсети на нивните одговорности и да ги присили да ги исполнат обврските, пред се најсветата обврска – да ги почитуваат законите на Руската федерација.“

За на крај, Говуркин да поентира:

„Ние имаме таков човек – Владимир Владимирович Путин.“

Путин и актуелниот претседател Дмитриј Медведев присуствуваат на конгресот и се очекува да се обратат.
XS
SM
MD
LG