Достапни линкови

Официјален Пакистан гневен поради американските напади


Пакистан го затвора клучниот правец за снабдување на американските сили во Авганистан.

Пакистан го затвора клучниот правец за снабдување на американските сили во Авганистан.

Пакистанската министерка за надворешни работи Хина Рабани Кар и телефонирала на американската државна секретарка Хилари Клинтон да го изрази пакистанското „големо чувство на гнев“ поради прекуграничните воздушни напади на НАТО во кои загинаа најмалку 24 пакистански војници. Кар, според извештаите, и рекла на Клинтон дека нападот „покажува целосно непочитување на меѓународното право и човечкиот живот, го нарушува суверенитетот на Пакистан и го присилува Пакистан да ги ревидира условите за ангажман“.

Пакистан веќе соопшти дека го затвора клучниот правец за снабдување на американските сили во Авганистан и побара од Вашингтон да ја напушти базата што ја користи за беспилотни летала.

Државната секретарка Клинтон и министерот за одбрана Леон Панета испратија заедничко соопштение во кои изразуваат „најдлабоко сочуство“ за загинатите.

НАТО вети дека темелно ќе го истражи инцидентот.

На погребот на војниците што загинаа во нападот во Пешавар присуствуваа началникот на пакистанската армија генерал Ашфак Кајани и други високи старешини.
XS
SM
MD
LG