Достапни линкови

Иранскиот парламент за намалување на дипломатските односи со Британија


Архивска фотографија: Иранскиот парламент.

Архивска фотографија: Иранскиот парламент.

Иранскиот парламент го изгласа нацрт-законот со кој се бара намалување на нивото на дипломатски и економски односи со Британија, како против мерка на британската одлука за зајакнување на санкциите против Иран.
За донесување на законот гласале 179 пратеници во 290-члениот парламент, четворица биле против, а 11 воздржани.
За да стапи во сила, законот мора да биде одобрен од иранскиот Совет на чувари на уставот. Законот беше предложен пред четири дена откако Велика Британија, САД и Канада координирано донесоа одлука за наметнување построги санкции кон Иран поради нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG