Достапни линкови

НАСА го лансираа „кјуриозити“ за Марс


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека го лансирале специјалното возило за истражување на Марс. Возилото наречено „Кјуриозити“, до Марс ќе патува 8 месеци, и таму треба да стигне во август следната година. Проектот кој има за цел истражување на црвената планета и тоа дали таму некогаш имало живот, треба да трае повеќе од 2 години, а целиот проект е вреден 2,5 милијарди долари.
Од 43 обиди да се влезе во орбитата на Марс, 70 процети биле неуспешни. САД досега се единствени што ја истржувале површината на Марс. Од НАСА велат дека нема пософистициран и поспособен истражувач од „Кјуриозити“
XS
SM
MD
LG