Достапни линкови

ОН и УНДП со подршка за РЕКОМ

Коалицијата на РЕКОМ организира собирање потписи за формирање меѓудржавна комисија за утврдување на фактите за сите жртви, воени злосторства и други тешки кршења на човековите права поврзани со војните од 1991 до 2001 година.

Kанцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН и Програмата за развој (УНДП) ја поддржаа иницијативата за основање на РЕКОМ.
На средбата помеѓу преставници на ОН за човекови права и на Коалицијата за РЕКОМ, помошникот на главниот секретар на ОН за човекови права Иван Шимоновиќ, ја изразил поддршка на Високиот комесар за човекови права за Иницијативата за основање на РЕКОМ, соопштија денеска од Иницијатијата РЕКОМ.
Шимоновиќ ветил помош од Канцеларијата на Високиот комесар во координација на комуникациите меѓу националните институции во чија надлежност е донесувањето одлука за основање заедничка регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и на жртвите.
Поддршка на иницијативата за основање на РЕКОМ дал и заменикот на директорката на Регионалното биро на УНДП за Европа и Заедницата на независни држави, Хаолианг Џу
XS
SM
MD
LG