Достапни линкови

Медведев најави казни за неуспешните вселенски проби


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска најави дека е се поизгледно oти некој кривично ќе одговара за неодамнешната
грешка во вселенската програма. Тој рече дека треба да се изврши детален преглед и да се казнат виновниците за последните неуспешни вселенски проби.
Претходно овој месец, вселенската контрола изгуби контакт со сондата што требаше да се упати кон една од месечините на марс, Фобос, и остана да кружи во орбитата на земјата
Инцидентот, доаѓа на само три месеци откако вселенски брод кој требаше да стигне до Меѓународната вселенска станица изгоре во атмосферата кратко време по лансирањето.
XS
SM
MD
LG