Достапни линкови

logo-print

Полицијата ги приведе ограбувачите на бутици во центарот на Скопје


Полицијата ги пронајде и приведе разбојниците кои ноќта меѓу вторникот и средата ограбија бутици во центарот на Скопје. Биле уапсени вчера додека на плоштадот „Македонија“ вршеле џебни кражби.Приведени се четири луѓе, на возраст од 14 до 19 години.
Сите четворица се од Скопје и и се познати на полицијата за ваков вид кривични дела, информира Министерството за внатрешни работи.

По разговоерот со нив и врз основа на снимки од видеонадзорот на приватни фирми, полицијата од станицата Центар расветлила 12 кривични дела што тие ги извршиле.
„ Ноќта меѓу 22-ри и 23 ноември на улиците „Македонија“, „Даме Груев“, „11 Октомври“ и „Мито Хаџивасилев -Јасмин“ извршиле пет тешки кражби во продавници и три тешки кражби во обид. Останатите дела, освен џебната кражба кога се и фатени, ги извршиле претходните денови, соопшти МВР.
XS
SM
MD
LG