Достапни линкови

Во Германија протести против складирање нуклеарен отпад


Протести против нуклеарен отпад, 2010

Протести против нуклеарен отпад, 2010

Германската полиција соопшти дека 20 полицајци биле повредени денеска во судири со демонстрантите во северниот дел од земјата, близу до градот Даненберг. До судирете дошло при испораката на нуклеарен отпад. Демонстрантите кои биле околу 300 на број, со камења и распрскливи матријали фрлале кон полицајците.

Демонстрантите се насобрале околу железничката пруга преку која се испорачува нуклеарен отпад од Франција до германскиот град Горлебен. Нас 20 илјади полицајци ја обезбедуваат пругата и ја држат проодна.
Официјалните лица се уште не решиле каде ќе се чува нуклеарниот отпад од Франција. Активистите велат дека не е безбедно тој да се чува во Горлебен.
XS
SM
MD
LG