Достапни линкови

Демонстрант во Каиро прегазен од воено возило


Еден демонстрант загинал денеска на протестите во Каиро, соопштија египетски болнички извори. Според очевидци демонстрантот починал откако бил прегазен од воено возило, со што од почетокот на новите протести во Каиро, во последнава недела, загинале вкупно 41-но лице.
Демонстрантите и натаму се на главниот плоштад во Каиро и бараат оставка од привремената воена власт, а го отфрлаат и наименувањето на новиот привремен премиер Камал Ганзури.
Ганзури вчера оцени дека е во екстремно тешка ситуација и оти најважни приоритети на новата влада ќе бидат редот и безбедноста на улиците и обновување на економијата.
XS
SM
MD
LG