Достапни линкови

logo-print

Пакистан ја затвори границата за транспортот на НАТО


Пакистан денеска ја затвори својата граница за снабдувањето на НАТО силите во Авганистан, откако во напад на хеликоптери на НАТО врз еден контролен пункт на пакистанската армија, биле убиени 25-мина пакистански војници, јави државната телевизија во Исламабад. Мутакир Хусаин, висок владин претставник во пограничниот регион, изјавил дека снабдувањето на НАТО преку пакистанска територија е запрено по наредба на федералната влада. НАТО потврди дека се случил инцидент и соопшти дека сеуште ги собира информациите.

Сојузничките сили често-пати превземаат акции на територијата на Пакистан против талибанските милитанти.
Американски хеликоптер, во минатата година, по грешка уби двајца пакистански војници во близина на границата со Авганистан, поради што тогаш Пакистан ја затвори границата за снабдување на НАТО силите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG