Достапни линкови

logo-print

Со хеликоптер на НАТО, по грешка, убиени пакистански војници



Пакистанската армија соопшти дека хеликоптери на НАТО нападнале еден воен контролен пункт во северо-западен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Притоа, според пакистански разузнавачки извори, загинале 14 пакистански војници, а неколкумина биле ранети. НАТО соопшти дека собира информации за денешниот инцидент.
Сојузничките сили често-пати превземаат акции на територијата на Пакистан против талибанските милитанти.
Американски хеликоптер, во минатата година, по грешка уби двајца пакистански војници во близина на границата со Авганистан, поради што тогаш Пакистан ја затвори границата за снабдување на НАТО силите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG