Достапни линкови

Недоверба во европските лидери - еврото паѓа


Растечката загриженост околу италијанскиот долг влијаеше за натамошно намалување на вредноста на еврото на берзите.
Берзанските дилери, како што јавува АФП од Лондон, наведуваат дека инвеститорите ја губат довербата дека европските лидер можат да понудат решение за кризата, така што еврото е на најниско ниво спрема доларот во изминативе 7 недели.
Ова доаѓа и по вчерашната средба меѓу францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел кои, како што се јавува остануваат не единствени за начините за излез од кризата.
XS
SM
MD
LG