Достапни линкови

Опозицијата прашуваше, премиерот и министрите одговараа. Едните обвинуваат дека Владата наместо одговори се фали со својата програма и прави театарска престава. Премиерот, пак, обвинува за неинвентивни прашања.

Амнестијата за хашките случаи, обвинувањата за прислушкување на опозицијата, законот за стечајните работници предложен од опозицијата, вкупната сума за чинењето на прославата на Денот на независноста, судскиот спор за убиството на Мартин Нешкоски, како и последното задолжување на владата се дел од прашањата за кои пратениците денеска бараа одговор од премиерот и од владините министри.

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашањето на пратеникот од опозицискиот СДСМ Јани Макрадули за вистинските причини за амнестијата на хашките случаи изјави дека жали за случувањтаа во 2001-та година, но како премиер морал да се согласи со одлуката на Парламентот.

На прашањето на пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски за аферата со, како што вели, таканереченото прислушкување на Љубе Бошкоски одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа изјави дека во изминатиов период се врши груба манипулација со случајот „Кампања“ и додаде дека МВР во тој случај не прислушкувао разговори во мобилната, сателитската и фиксната телефонија и дека се друго што се пласира во јавноста е невистина и манипулација.

„Јас навистина не знам што не му е јасно на Тито Петковски, можеби единствената работа што не му е јасна со оглед на тоа што има прецизен одговор, е како да дојде во центaрот на вниманието во јавноста, бидејќи според анкетите, очигледно е дека неговата партија е невидлива за јавноста и заради тоа тој е должен да одработува туѓа партиска агенда односно онаа на Бранко Црвенковски. Јас нема да коментирам која била неговата мотивација веднаш по неаргументирано дадената изјава на Бранко Црвенсковски во медиумите да се обиде да ја злоупотреби комисијата со која претседава се со една цел за да создазде една атмосфера дека нештро не е во ред.“

Пратеникот Гордан Горгиев од СДСМ го запраша премиерот, дали ќе го искористат тоа, како што тие самите влеат дека Грција е во момнтов „слаба“, за на направат некаков прогрес?

„Господинот пратеник ме слушал на некое обраќање, на фејсбук, на интернeт или веќе не знам каде и од таму добил мислење дека ЕУ и НАТО не се приоритет на Владата. Ако некаде потенцирам, дека сме фокусирани на економијата, тоа не значи дека не сме фокусирани на останатите стратегиски приоритети. Сите за нас се подеднакво важни, независно од тоа по кој редослед ги кажуваме или кој каде сме го спомнале, или што вие сте слушнале, или што не сте слушнале“, одговори Груевски.
Дали Македонија има некаков план во наредните 6 месеци, до самитот на НАТО во Чикаго, да направи некаков сериозен прогрес? Ако Вие, ако макадонската Влада не е способна да сфати, какви сериозни импликации може да има по Македонија, по нашиот мултиетнички живот, тогаш не сте способни да ја мислите иднината на оваа држава. Тогаш сте способни за „купи ден, продај“, лопата фрли, ова направи.

„Дали Македонија има некаков план во наредните 6 месеци, до самитот на НАТО во Чикаго, да направи некаков сериозен прогрес? Ако Вие, ако макадонската Влада не е способна да сфати, какви сериозни импликации може да има по Македонија, по нашиот мултиетнички живот, тогаш не сте способни да ја мислите иднината на оваа држава. Тогаш сте способни за „купи ден, продај“, лопата фрли, ова направи“, рече Георгиев.

Орхан Ибраими од ДПА, исто така беше незадоволен од одоговорот на неговото прашање, колку Албанци се бришат од списокот за социјална помош. Тој обвини дека министрите прават само театарска престава, а не одговараат на прашањата, туку се фалат со тоа што го направиле.

Од друга страна, пак, Груевски обвини дека опозицијата имала проблем да најде сериозни теми за прашување.

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски апелираше до пратениците да не поставуваат прашања за актуелни судски случаи кои се уште се во процедура со цел да не влијаат негативно врз спорот кој се уште трае. Пратеникот од СДСМ Игор Ивановски го отфрли овој апел.

„Вие немате право да влезете во материјата и содржината на кое било поставено прашање и во најмала рака ако тоа го говорите требаше да бидете принципиелен на самиот почеток бидејќи министерот за внатрешни работи веќе изрази одредени информации кои што се употребуваат во актуелна судска постапка.“

Седницата започна со речиси едночасовно задочнување. На ова реагираше пратеникот од СДСМ Игор Ивановски:

„Според Законот за работни односи, ако работникот задоцни три пати по ред 15 минути, го губи правото на работа. Доцнењето на премиерот од 48 минути не е прв пат и апелирам тоа уште еднаш, ако може да не се повтори.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG