Достапни линкови

Косовското МВР со мерки против оние кои го запалија макеоднското знаме


Спенд Маџуни -директор на Косовската полиција

Спенд Маџуни -директор на Косовската полиција

Министерството за внатрешни работи на Косово го осуди палењето на македонското знаме за време на фудбалски натпревар во Качаник, како и истакнувањето на транспарентот - „2012 не е крај на светот, туку крај за Македонија“.
- „Некои поединци истакнаа трансперент на кој беше изразена омраза и го запалија знамето на Република Македонија“, се вели во соопштение од косовското МВР.
Министерството додава дека во тек е истрага и ќе бидат преземени мерки за да се казнат одговорните за инцидентот.
Македонија вчера го осуди палењето македонско знаме на фудбалски натпревар меѓу клубовите Лепенци и Дрита во Качаник и истакнувањето на транспарентот.
XS
SM
MD
LG