Достапни линкови

Русија сериозна за преселувањето на Срби од Косово


Вечерта кога КФОР се обиде да ги отстрани барикадите кон Звечани, постојаниот претставник на Русија во НАТО Дмитриј Рогозин изјави дека Русија не се откажува од примање Срби од Северно Косово, кои бараат руско државјанство, пишува денеска весникот „Блиц“.
„Претседателот Дмитриј Медведев даде наредба на Министерството за надворешни работи да го проучи начинот, кој ќе одговори на барањата на над 20.000 косовски Срби да добијат руско државјанство“, рече Рогозин, додавајќи дека Русија треба на некаков начин да помогне на „духовно блискиот народ“, кој се наоѓа во тешка ситуација.
Рускиот дипломат истакна дека ситуацијата, во која 22.000 косовски Срби во исто време побарале руско државјанство, е без преседан, затоа и реакцијата на Русија ќе биде „експериментална“.
Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ ја оцени идејата за населување на косовски Срби во Русија како „опасна и која ќе нанесе голема штета на политичкото средување на ситуацијата“.
XS
SM
MD
LG