Достапни линкови

logo-print

Груевски: опозицијата има недостиг на теми


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски, денеска во парламентот, на чиј дневен ред се пратенички прашања, изјави дека опозицијата имала проблем, како што оцени, да најде сериозни теми за прашување. Тој ова го рече одговорајќи на прашањата на Јани Макрадули од СДСМ за амнестијата на хашките случаи, како и за вкупната сума на чинење на прославата на Денот на независноста. Премиерот Груевски повтори дека се согласува со одлуката на парламентот за амнестијата и оти директниот трошок за прославата чинел околу 90 илјади евра.
XS
SM
MD
LG