Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Србија да ги продолжи разговорите со Косово


Херман ван Ромпуј

Херман ван Ромпуј

Претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј денеска изјави дека се неопходни натамошни гаранции на српската добра волја во разговорите со Косово пред да и се дозволи натамошно приближување на Србија кон Унијата. Тој ова го изјави по состанокот во Брисел со српскиот претседател Борис Тадиќ. На самитот на 9 декември евролидерите треба да решат дали на Србија да и дадат кандидатски статус за зачленување во Унијата.
XS
SM
MD
LG