Достапни линкови

logo-print

Турција ќе соработува со Арапската лига околу Сирија


Турција соопшти дека е подготвена да дејствува заеднички со Арапската лига доколку Сирија не покаже добра волја и не ја запре насилната осум месечна репресија врз антивалдините демонстранти. Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу на денешната заедничка прес конференција во Истанбул со неговиот италијански колега Џулио Терци изјави дека в недела ќе учествува на состанокот на Арапската лига и оти ги продолжува консултациите со Европската унија, НАТО и Обединетите нации околу Сирија.
XS
SM
MD
LG