Достапни линкови

logo-print

Милошоски набљудувач на изборите во Египет


Пратеникот и поранешен шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски е дел од набљудувачката мисија на Меѓународниот републикански институт - ИРИ што ќе ги следи парламентарните избори во Египет, први по соборување од власт на Хосни Мубарак.
Милошоски е вклучен во тимот на американскиот конгресмен од Калифорнија Дејвид Дреер, во кој волонтерски учествуваат политичари од повеќе европски земји кои се во блиски релации со САД. Мисијата ќе го набљудува изборниот процес во Каиро и во Александрија.
Изборите во Египет почнуваат на 28 ноември и ќе се одвиваат во три фази, што треба да завршат во јануари наредната година со конституирање на новиот Парламент
XS
SM
MD
LG