Достапни линкови

Сирија го осуди ултиматумот на Арапската Лига


Башар ал Асад

Сирија го осуди ултиматумот на Арапската Лига која побара од Дамаск денеска да дозволи посматрачите да влезат во земката или во спротивно да се соочи со можни санкции. За Дамаск, Арапската Лига станала орудие во рацете на Западните земји. Сепак не е познато дали критиката значи отфрлање на ултиматумот
Арапската Лига пак соопшти дека ако Дамаск денеска одбие тоа да го направи, Лигата утре ќе се состане за да реши за санкции против Сирија.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давитоглу ја повика Сирија да дозволи влез на посматрачите на Арапската Лига за да видат дали Дамаск го исполнува планот за запирање на насилствата врз демонстрантите. Тоа ,според Давитоглу, е последна шанса за Сирија.
Русија пак денеска соопшти дека се противи на санкции или меѓународна интервенција барајки внатрешен дијалог во Сирија. Според ОН, над 3500 луѓе загинаа од почеток на протестите против режимот на Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG