Достапни линкови

Турција со дополнителен притисок врз Сирија


Ахмет Давитоглу

Ахмет Давитоглу

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давитоглу ја повика Сирија да дозволи влез на посматрачите на Арапската Лига за да видат дали Дамаск го исполнува планот за запирање на насилствата врз демонстрантите.
Тоа ,според Давитоглу, е последна шанса за Сирија.
Арапската Лига соопшти дека ако Дамаск денеска одбие тоа да го направи, Лигата утре ќе се состане за да реши за санкции против Сирија. Русија пак денеска соопшти дека се противи на санкции или меѓународна интервенција барајки внатрешен дијалог во Сирија.
Според ОН, над 3500 луѓе загинаа од почеток на протестите против режимот на Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG