Достапни линкови

Слободата на печатот во Македонија е влошена


US--Freedom house logo, undated

US--Freedom house logo, undated

Македонската влада да преземе чекори за подобрување на влошената состојба со слободата на говорот и на медиумите во земјата. Ова се наведува во соопштението на Фридом хаус, меѓународна организација за ширење на слободите во светот со седиште во Вашингтон, која е дел од Меѓународната партнерска група чија делегација деновиве престојуваше во Македонија и разговараше со претставници на владата, но и на медиумите и невладините органицазии. Клучни заклучоци на делегацијата која престојуваше во Македонија се дека во земјата има отсуство на медиумски плурализам и различност и оти македонските власти би требало веднаш да преземат ефективни чекори за имплементација на препораките од годинашниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата и на ОБСЕ што се однесуваат на медиумите. Во заклучоците се додава дека владата би требало да ја декриминализира клеветата. Групата го поздравува уверувањето дадено од премиерот и од заменик премиерот за европски прашања, како и од шефот за комуникации на владејачката ВМРО ДПМНЕ дека владата е посветена да го стори тоа во почетокот на идната година.
XS
SM
MD
LG