Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади на пазар во Басра


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку девет луѓе загинале, а 40 се повредени во денешните екплозии на три бомби во јужниот ирачки град Басра, соопштуваат тамошните власти. Официјалните извештаи покажуваат дека дел од загинатите и повредените биле војници и полицајци. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека две од бомбите експлодирале истовремено на пазар во центарот на Басра. Третата експлодирала малку подоцна, на истото место, кога се собрале многу луѓе да видат што се случува. Во споредба со периодот 2006-2007, насилствата во Ирак, значително се намалени, но се уште има напади низ земјата.
XS
SM
MD
LG